Македонија
14. April 2016 - 8:51

Изложбата „Циклуси“ на Крунислав Стојановски во Прилеп

Во ликовниот салон на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложба  од  академскиот сликар Крунислав Стојановски.

Изложбата ја организира Дирекцијата за култура и уметноство рамки на проектот Кич, да?!/Сте или не/ поддржан од Министерството за култура.

Стојановски, кој 30 години живее и работи во Загреб, ќе се претстави со дел од ретроспективната изложба насловена како „Циклуси“ која беше поставена во декември минатата година во Музејот на град Скопје. Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер.

Изложбата „Циклуси“ претходно беше поставена во Кавадарци, Крива Паланка и Куманово.

Крунислав Стојановски своето творештво го претставил на повеќе од 40 самостојни изложби во Скопје, Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осијек, Ријека, Ѓаково, Пакрац, Задар, Виена, Хелсинки и Еспо, Берлин, Торино и Ротердам.