Изложба во рамки на проектот „Крушевска одаја“
По повод националниот празник Илинден, во Домот на културата „Наум Наумоски-Борче“ во Крушево вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на академскиот сликар Драгица Ристеска-Димитровска и ликовната уметница Гордана Дамјановска. Изложбата е во рамки на проектот „Крушевска одаја“ на Здружението на граѓани за култура и уметност АН-БЛОК од Скопје.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и вклучен во иницијативата на УНЕСКО за градење култура на мирот, негување на културните различности и зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство.
Од неговата прва реализација во 2001 година, проектот „Крушевска одаја“ е вклучен во официјалната програма на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ како самостојна манифестација.
Ново на Сител
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство
-
Преглед на вестите од светот
-
21-ви „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеник
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави