Изложба од Андријана Мациев во Кочани
Изложба „Живот во бои 2“ на авторката Андријана Мациев од Скопје вечер ќе биде отворена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
На изложбата се поставни 15 сликарски платна – дела во кои е прикажано ликовното доживување на бојата. Оваа изложба е дел од вториот циклус „Живот во бои 2“, каде авторката го прикажува своето ликовно истражување во бојата.
Изложбата „Живот во бои 2“ ќе биде отворена до 20 септември 2017 година.
Андријана Мациев е родена на 16.9.1980 во Скопје. Средно образование завршила во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, Одделот графика во класата на професорот Димитар Малиданов.
Таа е член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Здружението „Широка стаза“ од Земун. Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Добитник е на повеќе награди.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Не сум Асад, нема да бегам
-
Васко Ковачевски недостапен за полицијата, во септември ја напуштил државата
-
Македонец почина на зимување во Банско
-
Зијадин Села до Груби: Повлечи се од политиката и соочи се со обвиненијата
-
Груби: Од медиумите дознав дека сум ставен на црна листа на САД
-
Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица
-
Четири камиони изгореа во фирма во Визбегово
-
Студентите во Србија не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети