Изложба „Низ фотографскиот светоглед“ од Петар Ставрев
Фоторепортерот и новинар во пензија, битолчанецот Петар Ставрев, синоќа ја приреди својата 53-та изложба на авторски фотографии, овојпат на тема „Низ фотографскиот светоглед“ со која воедно беше отворен 20. Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2018“.
Изложбата содржи фотографии од сите настани што се случувале на фестивалот за монодрама во изминатите 19 години..
- Регистрирани се настапите на сите досегашни учесници на фестивалот, актери од многу држави, регистрирано е присуството на публиката, придружните фестивалски манифестации, како и интересни моменти кои се презентирани на 80 фотографии. Да се слика додека се одвива едно монодрамско дело е многу тешко бидејќи во одредени светлосни услови, претежно затемнети, потребно е фотографско мајсторство, но успевам да доловам се што е интересно за да може да го види публиката на една фотографија без разлика дали таа е уметничка или документарна, истакна Ставрев.
За себе вели дека иако е од повозрасната генерација, сепак и сега мисли дека фотоапартот е подобар од сликање со мобилен телефон.
- За жал, сликањето со мобилен телефон зема се поголем замав, но јас порачувам фотографирајте со фотоапарат, нагласи фоторепортерот и новинар во пензија Ставрев, автор на фотоизложбата „Низ фотографскиот светоглед“ која синоќа беше отворена во Битола.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат