Македонија
7. September 2017 - 8:24

Изложба на Живко Поповски Цветин насловена „Цвеќе на мирот“

Во Домот на културата во Крушево, по повод 8-ми септември, Денот на ослободувањето на Крушево и Денот на независноста на Македонија вечерва ќе биде отворена изложбата „Цвеќе на мирот“ на ликовниот уметник Живко Поповски Цветин.

Ќе бидат изложени 33 дела работени во техниките акрил на платно и комбинирана техника. Дваесет и една слика „Цвеќе на мирот“ ќе бидат подарени во НУ Историски музеј, кои заедно со подарените цвеќиња на мирот во 1990 година, ќе бројат вкупно 31 слика.

За посетителите изложбата на Цветин, во Крушево ќе биде отворена во наредните 10 дена.