-->
-->
Изложба на слики од колекцијата на Раде Силјан
-->
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена изложба на слики од колекцијата на Раде Силјан.
На изложбата се застапени дела од познатите македонски сликари: Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузмановски, Константин Качев, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Новица Трајковски, Стефан Хаџи Николов, Ниче Василев, Димитар Малиданов, Драги Хаџи Николов-Аџи, Владимир Темков, Павле Кузмановски, Ацо Филиповски, Паскал Гилевски, Боро Митрически , Илија Аџиевски, Драган Аврамовски Гуте и Миле Корубин.
Изложбата ќе ја отвори Веле Смилевски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
-->
-->
-->