Македонија
6. September 2016 - 8:29

Изложба на плакати и проекција на филмови за Денот на независноста

Со отворање на изложбата на филмски плакати „25 години филм во независна Македонија“ Кинотека на Македонија во соработка со Агенцијата за филм денеска ќе почне со одбележувањето на 8 Септември и 25-годишнината од македонската независност.

Одбележувањето ќе продолжи утре со три филмски проекции на филмови од најновата македонска продукција. Проекциите на филмовите „Лазар“, „До балчак“ и „Три дена во спептември“ ќе стартуваат во 18 часот за време на белата ноќ и ќе завршат еден час после полноќ на 8 септември.

Влезот во Кинотека на Македонија е бесплатен.