Изложба на Маја Кировска во Португалија
Самостојна изложба насловена „Чиста соба“ на Маја Кировска ќе биде отворена утре во историската градба „Casa da Garrida“, која се наоѓа во кампусот на Универзитетот „Фернандо Песоа“ во Понте де Лима, еден од најстарите градови во Португалија.
На изложбата ќе бидат претставени пет комплексни дела, инсталации кои вклучуваат фотографии, графика, објекти, видеа и звук.
Изложбата, која ќе биде отворена до 30 август, ќе се одржи во рамки на уметничката манифестација АРТ-MАП, која е кураторска иницијатива за промоција на современа уметност од португалски и интернационални уметници во различни градови во Португалија. На овогодинaшното издание на АРТ-МАП учествуваат 120 уметници од светот.
Соработката меѓу Маја Кировска и АРТ-МАП почна во 2015 година, на изданието на АРТ-MАП, насловено „Поезијата во визуелното“, кое се одржа во Авеиро, Португалија, каде Кировска, на групна изложба се претстави со две свои инсталации „Организми“ и „Реанимирано“ во Музејот на Авеиро.
Изложбата „Чиста соба“ првпат беше претставена во галеријата „КО-РА“ на Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, во периодот од 24 декември 2014 година до 15 јануари 2015 година под кураторство на Виолета Калиќ. Во 2015 година Маја Кировска со оваа изложба ја доби наградата „Вангел Коџоман“ за најдобра изложба во 2014, доделена преку Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Ново на Сител
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит
-
Калас за упадот на руски дронови во Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир
-
Без вода дел од Аеродром
-
Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето