-->
-->
Изложба на ликовни дела од Васко Ристовски во Музејот на Македонија
-->
Во Музејот на Македонија вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од Васко Ристовски, насловена „Македонска наивна уметност“. Ќе бидат презентирани дваесет и седум дела работени во техника масло на стакло.
Ристовски е истакнат претставник на наиванта уметност во Македонија. Роден во Скопје во 1967 година, почнал да твори во 1995 година.
- Работејќи во техника масло на стакло, Ристовски остварува високи ликовни вредности кои ја изразуваат неговата бујна имагинација. Поетиката на неговото творење изобилува со динамика, нарација, колорит и мистика. Ристовски успева низ интелектуалниот израз да ја прикаже радоста на живеењето, како синергија на фантастиката и реалноста, соопшти Музеј на македонија во најавата за изложбата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро