Изложба на дизајнерски производи на Креативното дизајн студио „Преплет“

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена изложба на дизајнерски производи од Креативното дизајн студио „Преплет“.
- Новата колекција содржи ексклузивни комплети составени од неколку производи меѓусебно поврзани на иста тема - комплети: комплет за љубители на патувања, комплет за љубители на книги, за љубители на кафе, на готвење итн. Со новата колекција секој поединец може да си ја пронајде својата страст кон одредена работа и преку користење на комплетот да му се олесни секојдневието, соопшти организаторот.
На отворањето на изложбата во „Јавна соба“ во 21 часот ќе има едночасовен перформанс помогнат од режисерката Билјана Радиноска, со учество на актерите Наташа Петровиќ, Јана Пауновска, Матеа Јанковска и Дарко Набаков. Посетителите со препознавање на својот карактер во еден од актерите ќе заклучат кој комплет е најсоодветен за нив.
По промоцијата, новата колекција на „Преплет“ ќе биде на продажба во продавницата во „Јавна соба“.
„Преплет“ е концептуално креативно студио основано во 2013 година од дизајнерите Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска. Студиото креира производи кои содржат одредена порака испишана на македонски јазик и кирилица.
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
