Изложба на дела од наградените од „Остен“ за светско културно наследство

Изложба на дела на уметниците Вазарели, Пикасо, Пандилов, Миро и Дали, кои се носители на наградата Светско културно наследство денеска е отворена во галеријата „Остен“.
Љубителите на уметноста изложбата ќе може да ја посетат до 8 март.
Наградата се доделува на Остен Биеналето на цртеж на починати уметници кои значајно придонеле за уметноста во светски рамки. Досегашни добитници на оваа награда се Виктор Вазарели (2009), Пабло Пикасо (2010), Димитар Аврамовски Пандилов (2012), Хуан Миро (2014) и Салвадор Дали (2016).
Од галеријата „Остен“ ги покануваат љубителите на уметноста да ја искористат оваа навистина ретка можност да уживаат во ремек-делата на велемајстори кои, како што велат, ги обележаа некои од највпечатливите трендови во уметноста, како и во проекција на документарец од архивите на унгарската национална телевизија (со превод на македонски) посветен на животот и дејноста на Виктор Вазарели - таткото на оп артот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
