-->
-->
Изложба на дела од 25. Меѓународна лесновска ликовна колонија
-->

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вечер со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на дела од 25. Меѓународна лесновска ликовна колонија. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да погледнат 24 платна и скулптура од гипс.
- Посетителите ќе имаат можност да разгледаат дела работени во различни техники и стилови. Дел се инспиририани од непосредната околина на Лесново, а дел се сопствени креации на авторите, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Организатор и координатор на колонијата е Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип. Колонијата се одржа во Лесново, а минатата година учествуваа 16 уметници од кои девет домашни и тројца од Бугарија и Србија. На колонијата твореа Новица Трајковски, Ѓоко Антониев, Андреј Маневски, Јулија Манојловска, Васил Гаврилов, Христина Стојчевска, Тони Величковски, Мики Иванов, Бисер Кирилов од Бугарија, Жарко Вучковиќ од Србија и уметници аматери од Пробиштип.
Изложбата ќе трае до први март годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
