Изложба на цртежи од бегалци од Сирија
Изложбата на цртежи со наслов „Бегство за подобро утре“ од сириските уметници Шерго Муса и Назли Абду, денеска беше отворена во просториите на Кинотека Македонија, а помогната од УНХЦР-Скопје и Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Директорот на ЦУК Агрон Буџаку рече дека изложените цртежи ја раскажуваат приказната на уметниците која е полна со лутина и неразбирање.
- Цртежите ни ја раскажуваат нивната приказна, болна, тажна и трогателна, но и полна со лутина и неразбирање, обоена со поетскиот сензибилитет и уметничкото наследство на старата цивилизација, една од најстарите на Земјата, истакна Буџаку.
Потенцира дека со информирањето за изложбата ќе се спротиставиме на ксенофобијата и омразата кои доминираат во моментов со уметност, хуманизам и добрина.
Шерго Муса рече дека инспирацијата за цртежите ја добил од случувањата во неговата земја Сирија во која, како што додаде, ја загубиле нивната куќа и многу роднини. Тој во Сирија цртал портрети, пејзажи и се друго за што добивал инспирација.
Според Мохамед Ариф од УНХЦР бегалците со своето образование, вештини и разнолкост, можат да донесат вредно збогатување на работната сила во секое општество. Тој нагласи дека можноста возрасните бегалци да работат и да создаваат е многу важен сегмент од нивната добросостојба.
Цртежите од уметниците Муса и Абду се насликани за време на нивниот деветмесечен престој во Македонија, но како што велат тие немаат план да останат во нашата земја. Изложбата, на која куратор е академската сликарка Маја Стефановска, ќе биде отворена до 25 јануари.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора