Изложба на Билјана Бинчев во Кавадарци
Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе" во Кавадарци синоќа беше отворена изложба на ликовниот уметник Билјана Бинчев од Прилеп.
Промотор на изложбата беше Каролина Мицевска која говореше за творештвото на Билјана Бинчев досега, при што го нагласи актот како мотив на уметникот.
Бинчев се заблагодари за убавата вечер која ја организира Домот на културата и посака присутните и оние кои ќе ја погледаат изложбата, да уживаат во нејзините дела кои ги смести во ова нејзина самостојна ликовна изложба.
Бинчев е родена 1981 година во Прилеп. Средно уметничко училиште завршила во Скопје. Во 2006 година дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола, додека 2010 се запишала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, педагошки оддел со сликарство во класата на професор Јован Шумковски. Дипломирала во 2014 година при што добила и награда за постигнат највисок просек и одлични резултати во текот на студиите. За време на своите студии учествувала на повеќе групни изложби и ликовни колонии во трите ликовни дисциплини: сликарство, вајарство и графика. Денес работи како постојан стручен соработник во ателјето на скулпторот Златан Трајков во Скопје.
Ново на Сител
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно