Изложба на Ангелина Поповска во Куманово
„Landscapes“ е насловот на изложбата на авторот Ангелина Поповска, која ќе биде отворена вечерва во Уметничката галерија Куманово со почеток во 20 часот. Кумановци ќе имаат можност да проследат 20-тина дела.
- Делата се изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка, изјави кустосот Драгана Спасковска.
Авторката Поповска, родена е во Романија, завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје магистрирала на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелајни и докторирала на Институтот за национална историја во Скопје.
Вработена е во НУ Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони. Досега реализира групни и самостојни изложби во земјава и странство и освоила повеќе награди. Изложбата е подржана од Министерство за култура. Изложбата за посетителите ќе биде отворена наредните две недели.
Ново на Сител
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување
-
Опозициските партии реагираат - чија е заслугата за изградба на Коридорите 8 и 10?
-
60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР