-->
-->
Изложба на академската сликарка Жанета Гелевска Велјановска
-->
Во Чифте амам вечер ќе биде отворена изложба на академската сликарка Жанета Гелевска Велјановска.
Изложбата, која е насловена „Конекција“ содржи педесетина дела комбинирана техника на платно. Сугерира симбиоза на најважните вредности во животот, како и во уметноста.
Сликарката дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1989 година, а од тогаш е член и на ДЛУМ. Учествувала на многубројни изложби во земјата и надвор од неа, а учествувала и во различни уметнички проекти. Во 1999 година е поканета да учествува на изложба во престижната галерија „Blains“, во Мејфер, Лондон за веднаш потоа да се пресели во Англија, каде што работи како слободен уметник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника