Изложба „Еко не его Арт“
Изложбата „Еко не его Арт“ вечер ќе биде отворена во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на градежници. Организатор е невладината организација „Human World - Center for Meditation and Holistic Learning“.
Учесници на изложбата се Сарита Конеска, Игор Љубовчевски, Гордана Винчиќ, Андријана Андреева, Хопс, Весна Петрушевска, Ања Илиева, Жаклина Димовска, Сали Ертунч, Глигор Кузмановски, Доротеј Нешовски, Викторија Попоска, Ѓорѓи Димовски и Воислав Стојановски.
Како што соопшти организаторот, она што 99 отсто од популацијата го набљудува како отпад, на изложбата ќе биде претставено како уметност, креација, свесност, екологија, одржливост, порака....
Со оваа изложба завршува еден циклус настани во рамки на проектот „Обуки за развој на бизнис мрежна уметност и општествена одговорност на поединецот во заедницата“, поддржан од Град Скопје, Сектор за локален економски развој.
Ново на Сител
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
-
Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб | ВИДЕО