Излезноста до 10 часот во Крива Паланка e 14,5, во Ранковце 11 отсто
До 10 часот во Општина Крива Паланка своето избирачко право го искористиле 14,5 отсто од вкупниот број запишани граѓани во единствениот избирачки список.
– Изборниот ден тече мирно, гласањето се одвива непречено, сите избирачки места беа отворени навреме. Илезноста е околку 14,5 отсто, со податоци од сите 47 избирачки места на подрачјето на општината, изјави претседателот на општинската изборна комисија – Крива Паланка, Душко Арсовски.
Вкупно 16.982 граѓани на Крива Паланка запишани во избирачкиот список денес можат да го остварат своето избирачко право.
Во Ранковце до 10 часот гласале единаесет отсто од вкупниот број гласачи, информира Билјана Тасевска, заменик претседател на ОИК – Ранковце.
Во Општина Ранковце се гласа на 13 избирачки места, додека право на глас имаат 2.971 граѓанин.
Ново на Сител
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира
-
Пробиштипјанка измамена за 1.4 милиони денари
-
По 4 децении од почетокот на градбата годинава треба да почне со работа новото крило во струмичката болница