Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
Изборниот ден од првиот круг, на седмите по ред претседателски избори, во општините Дебар и Центар Жупа, минува во фер и демократска атмосфера, со зголемена излезеност, потврдуваат од општинските изборни комисии.
Според ОИК, во општина Дебар, до 15 часот правото на глас го оствариле 4328 граѓани или 22 отсто од вкупно 19.334 запишани во единствениот избирачки список.
На минатите претседателски избори, до 15 часот во првиот круг гласале 30 отсто, додека во второт круг 17 отсто од вкупно 18.574 гласачи.
Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, од вкупното гласачко тело, 7.383 лица, до 15 часот гласале 966 или 13,11 отсто.
Во првиот круг од минатите претседателски избори, 21 април 2019 година, до 15 часот правото на глас го искористиле 679 или 10 отсто од вкупно запишаните 6.953, додека во вторит круг гласале 831 или околу 12 отсто.
Граѓаните кои ги затекнавме на избрачките места задоволни се од текот на гласањето, велат се е добро организирано и оти гласањето е демократско право и секој треба да го оствари.
Ново на Сител
-
Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин
-
Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h
-
Идната недела нов министер за здравство
-
Муцунски: Усвоени измените на Законот за надворешни работи
-
Трамп откри повеќе детали за американскиот систем за воздушна одбрана „Златна купола“
-
МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија