-->
-->
Излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените
-->
Сите лица кои се излекувани од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, апелира министерот за здравство Венко Филипче во објава на својот ФБ профил.
За пријавување, како што посочува, треба да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4
-Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излекувана пациентка од Ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Да бидеме хумани и да им помогнеме на заболените од Ковид-19 побрзо да оздрават, напиша Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата