-->
-->
Изјави од прес конференцијата за Купот на Македонија во кошарка
-->
Денеска во Казиното „Принцес“ во Гевгелија беше одржана прес конференција во пресрет на Купот на Македонија што од 19-21 февруари (петок - недела) ќе се одржи во Гевгелија.
Актерите на завршниот турнир изјавија:
Страшо Тодоровиќ, тренер КК Куманово:
- Екипата на Куманово бележи само успеси, ќе играме со најтрофејниот клуб Работнички и мислам дека ќе победиме во четвртфиналето.
Перо Блажевски, помошник тренер КК Работнички
- Работнички лани го освои Купот. Квалитетот се младите играчи и оние поискусните. Имаме променет росетер во однос на лани. Се надеваме на добра игра и потоа да играме и полуфинале и финале и ако може да се освои Купот.
Борче Даскаловски, тренер КК Карпош Соколи:
- Оваа година за нас е што подобро да го претставиме клубот и победа во ¼ финале над Струмица. Главна цел е да бидеме меѓу најдобрите четири екипи.
Љупчо Малинков, тренер КК Фени Индустри
- Нема да биде Куп ако нема изненадување. Главната улога на фаворит е домаќинот. И со победа во 1.коло можеме да имаме добар резултат.
Марјан Илиевски, тренер КК Кожув
- Кусо време сум во клубот. Очекувањата се големи во градот. Во петок играме со Фени кои се во резултатска предност. Се надевам дека на заволство на клубот и градот ќе продолжиме во следната фаза. Очекувам празник на кошарката.
Владимир Мирковски, тренер КК Бест
- Ние ќе играме против шампионот. Досега претрпевме два високи порази. Во петок ќе се појавиме за достојно да го презентираме клубот и градот.
Златко Зетов, тренер КК Струмица
- Екипата на Карпош Соколи е фаворит и ќе дадеме максимум со надеж дека ова е Куп натпреварување и можно е изненадување.
Љупчо Петровски, претставник на ЖКК Клубски
- Играме со Бадел, шампион и освојувач на купот и ова ќе биде „финале пред финале“ и очекувам ние да победиме во полуфиналето и со тоа да го освоиме пехарот.
На прес конференцијата немаше присутни од редовите на шампионот МЗТ Скопје, поради дефект на автомобилот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите