Изјава на УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ во врска со новите ограничувања на границите на Балканот

УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ денеска објавија заедничка изјава во врска со новите ограничувања на границите на Балканот кои вклучуваат мерки како селектирање на луѓе врз основа на државјанството, а што, посочуваат, ја прави ситуацијата понеиздржана од хуманитарен, правен и безбедносен аспект заради сè пониските температури и ризиците за децата и другите лица со специфични потреби.
- Овие мерки на државите создаваат тензии на граничните премини и домино-ефект, а некои бегалци и мигранти ги оставаат во неизвесна состојба заглавени на различни гранични премини. УНХЦР и ИОМ им обезбедуваат поддршка на владите за да се зголеми прифатниот капацитет во земјите коишто се погодени и за да се создаде заштита од зимските услови. УНИЦЕФ ги поддржува просториите опремени за деца во прифатните центри кај граничните премини долж балканската рута, се подготвува за зимата што доаѓа и соработува со владите да се зајакнат системите за детска заштита за сите деца, вклучувајќи ги и децата-бегалци и децата-мигранти, стои во изјавата.
Воедно, се изразува загриженост и заради, како што оценуваат, недостигот од места за згрижување на луѓето долж рутата доколку се забави движењето и настане натрупување.
- Постои итна потреба да се отвори дополнителен прифатен капацитет на влез за да се овозможи коректно и делотворно сместување, усогласеност со стандардите за заштита на деца, помош, регистрација и идентификација на илјадниците лица коишто пристигнуваат секојдневно за да се идентификуваат оние на коишто им е потребна заштита, оние коишто треба да се преместат во други европски држави и оние коишто не се квалификуваат за бегалска заштита и за кои треба да се воспостават механизми за делотворно и достоинствено враќање, стои во заедничката изјава на УНХЦР, ИОМ и УНИЦЕФ при што повикуваат засегнатите држави повторно да ги воспостават координативните механизми и механизмите за одговор коишто беа договорени на Самитот за Западен Балкан на 8 октомври и Лидерската средба на 25 октомври 2015.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
