Изградена пристапната улица во Индустриската зона во Градашорци

Заврши изградбата на пристапната улица „5“ во индустриската зона во Градашорци, Општина Василево. При денешната посета, градоначалникот Ванчо Стојанов истакна дека ова е капитален проект кој е од витално значење не само за граѓаните на Општина Василево, туку и за сите кои имаат градежни парцели во третата индустриска зона.
- Со завршувањето на овој проект станауваат атрактивни за продажба градежните парцели кои се во склоп на ова аиндустриска зона, а се во приватна сопственост. Создавањето на оптимални услови, добрата комунална инфраструктура, условите што ги нуди општина Василево и добрата местоположба се причините поради кои индустриските зони во општината се едни од најинтересните за инвеститорите, рече градоначалникот Стојанов.
Општината има изготвено техничка документација за фекална канализација, па во истиот момент кога ќе бидат обезбедени средства локалните власти најавуваат изградба на систем за канализација.
- Досега, сите градежни парцели во оваа индустриска зона кои се во државна сопственост се продадени, сопствениците ја имаат комплетирано потребната документација за градба, на дел од парцелите веќе има изградено објекти, на некои градежните активности се во тек, додека за останатите, со оглед дека поседуваат комплетна градежна документација реално се очекувањате дека набргу ќе започнат со градба на капацитетите. Што се однесува пак до структурата по дејности, сите капацитети се од областа на агроиндустријата, односно капацитети за откуп, дистрибуција и преработка на земјоделски производи, вели Стојанов.
Вкупната должина на улицата е околу 600 метри. Поставени се бехатонски пешачки патеки од двете страни за поголема безбедност на пешаците. Освен за потребите на индустриската зона улицата ќе биде користена и од останатите жители на населеното место Градошорци, бидејќи поврзува дел од ова населено место.
Вкупниот буџет за изградба на оваа улица е околу 12.000.000 денари, од кои околку 10.000.000 се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, а остатокот во висина од околу 2.000.000 денари се средства на општина Василево.
Ново на Сител
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
-

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
