Изградбата на новиот мост на Вардар во Гостивар ќе заврши до април
Новиот мост што се гради на реката Вардар во Гостивар, ќе биде готов до април, најави денеска гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, кој го посети градилиштето и го проследи почетокот на поврзувањето на двата брега.
Тој искажа задоволство од текот на работите на еден од најкрупните инфраструктруни зафати во општина Гостивар што почна минатата година.
- По 26 години демократија во општината, ова е првиот мост којшто се гради. Поврзувањето на улиците „ЈНА“ и „Живко Брајковски“ со мост изминативе години беше често пати актуелизирано и едно од решенијата беше да се изгради нов мост. Со него ќе се растоварат градските улици и ќе се обезбеди побрз проток на возила, со што ќе се избегнат честите застои низ центарот. На изградбата на мостот му претходеше уредувањето на приодите до мостот и експропријација на земјиште, што беше обезбедено со пари од општинската каса, рече Бејта.
Изградбата на „Мостот на демократијата“ почна лани во мај, кога со поставување камен темелник беше означен почетокот на работите.
Со новиот мост, сообраќајно ќе се поврзе западниот дел од градот со населбата Дутлок, селата Горна и Долна Бањица и населените места кои се на другиот брег од Вардар. Мостот, ќе биде долг 42 метри и широк 20 метри. На него ќе има четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари. Проектираната вредност на мостот е 23,6 милиони денари (околу 380 илјади евра). Финансиската поддршка е обезбедена преку меѓународна соработка со Фондот за развој на инфраструктурата на општините со седиште во Луксембург.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден