Изградбата на градинката во Стајковци се очекува да биде биде готова до крајот на октомври годинава

Градежните работи за изградбата на градинката во Стајковци се одвиваат со полна пареа и се очекува да биде биде готова до крајот на октомври годинава.
Градинката која претходно со години беше само ветување за граѓаните од овој регион, сега станува реалност. Оваа градинка ќе се простира на површина од 1.230 квадратни метри и ќе згрижи вкупно 140 деца. Ќе има шест занимални и една група јасли, се наведува во соопштението од општина Гази Баба.
Со ова се решава еден голем проблем и се става крај на маката на родители да патуваат со километри за да ги однесат децата во градинка, бидејќи ќе имаат во својата околина.
Проектот чини 30 милиони денари, средства кои што се издвоени од буџетот на општина Гази Баба.
Паралелно се работи и на проширување на детските градинки Морковче и Калинка, со што заедно со сместувачкиот капацитет во градинката во Стајковци, се отвораат вкупно 220 слободни места за децата, а со тоа драстично ги намалуваме листите за чекање при упис во градинките, се додава во соопштението на Општината.
Ново на Сител
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
