Бизнис
26. December 2017 - 20:27

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид нема да донесе никаква економска корист, затоа што е прескап

Доцнењето со изградбата на автопатот Кичево Охрид ќе го оптовари  буџетот,негативно ќе влијае на развојот на туризмот и целокупната економија. Дел од стопанствениците реагираат на дополнителните средства што треба да ги издвои државата за завршување на автопатот. Иако министерот Сугарески не откри колкав ќе биде  износот , проценките се дека ќе надмине 130 милиони евра. Поранешниот министер за фиансии, Поповски вели дека оваа сума е превисока, државата ќе биде повеќе во зијан, отколку во ќар со неговата изградба.

Од Стопанската комора за туризам велат дека автопатот е особено важен за зголемување на бројот на странските посетители, пред се за гостите од Србија. Без квалитетна инфраструктура не може да се зборува за развој на овој сектор.

Владата ќе потпише два анекси со кинеската фирма изведувач на градежните работи на автопатот Кичево Охрид.  Со едниот ќе се продолжи рокот а со другиот ќе се утврди колку пари плус ќе треба да плати државата за грешките во проектот кои треба да се исправат. Прогнозите се дека изградбата ќе чини половина милијарда евра.