Изградба на комунална инфраструктура во етно-винско село Клисура
Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со oпштина Демир Капија, почна со реализација на проектот за изградба на дел од комуналната инфраструктура во етно-винско село Клисура.
Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина, проектот стартуваl со изградба на дел од системот за водоснабдување како прва фаза.
- Инвестицијата опфаќа изградба на каптажа, водоводна линија од каптажата до селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили) и изградба на водоводна мрежа во селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили), соопштија од општината.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија и Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Центар за развој на Вардарски плански регион.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден