-->
  
  
  
  
	-->
  
  Изгореа 2,5 хектари багремова шума во Kрива Пaланка
  
-->
  
  
Околу 2,5 хектари багремова шума изгореа вчера близу населеното место Домачки Долкај Крива Паланка. 
Како што информира територијална противпожарна единица која интервенираше веднаш за локализација на пожарот, во опасност биле и 40-тина кошници со пчелни семејства кои се наоѓале во непосредна близина. 
- Со екипа од едно возило и двајца пожарникари за три минути излеговме на терен по дојавата за запалена листопадна шума во месноста „Златина падина“, близу Домачки Дол. Пожарот кој зафати поголема површина, го гасневме заедно со подрачната единица на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, шумското стопанство „Осогово“ и десетина жители од месното население, изјави Иле Коцевски , командир на територијална противпожарна единица Крива Паланка.
Според него, станува збор за опожарен сув багрем кој е многу горлив и лесно запаллив. Поради опасноста од повторно разгорување на пожарот екипи на  шумското стопанство „Осогово“ дежураа на терен.
Ова е 14-та интервенција на пожарникарите од Крива Паланка во август годинава. 
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-   
           Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-   
           Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-   
           Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-   
           Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-   
           Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-   
           Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-   
           Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари







