Изгореа 15 хектари шума во село Дулица

Околу 15 хектари нискостеблеста шума изгореа во пожар во атарот на село Дулица во Македонска Каменица. Во гаснењето на пожарот учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.
– Во пожарот за жал настрада поголема површина ниско-стеблеста шума во атарот на Јуковска маала во Дулица. Според слободна проценка се работи за површина од околу 15 хектари. Освен наша екипа во гаснењето на пожарот ни помогнаа екипи на Шумско стопанство, информираа од Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица.
Каменичките пожарникари истакнаа дека се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор. Ова е петнаесетти пожар, што се случил на подрачјето на Македонска Каменица годинава. Во дванаесет пожари, опожарена е површина од 117 хектари. Најмногу штета беше предизвикано во пожарот, што се случи во непосредна близина на Аризанско маало и Османии, каде беше зафатена површина од 100 хектари, од кои 10 хектари букова шума.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
