-->
-->
Изгоре викендица крај Штип
-->
Во пожар вчера околу 15:00 часот целосно изгоре викенд куќа во близина на Штип.
Како што соопшти МВР, од засега непознати причини најпрво се запалила сува трева која била во близина на викенд куќата во сопственост на И.Н. (64) од Штип. Огнот ја зафатил кровната конструкција од куќата која целосно изгорела. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип. Се работи на целосно расчистување на случјот.
-->
-->
-->