Македонија
20. August 2017 - 13:45

Изгоре стан во Скопје

Во стан на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Скопје во сопственост на М.С. (73), која била сама во него, синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар при што целиот стан бил опожарен. Од пожарот, дошло до пукање на цевките од парното, при што се оштетени и станот сопстеност на В.М. (36) и станот сопственост на Б.А. (40). Исто така, од пожарот со повреди се здобиле М.Ј (52) и С.Ј. (52) - станари во истата зграда, кои со возила на итната мдицинска помош биле пренесени во ГОБ „8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош биле констатирани телесни повреди. Пожарот е изгаснат од страна на екипи на БППЗ.