Изгоре македонската православна црква „Воскресение Христово“
Македонската православна црква „Воскресение Христово“ која се наоѓа Рокдејл, Сиднеј, Австралија изгоре во пожар, кој избувнал на Велигден.
Во гаснењето на пожарот учествувале неколку пожарникарски возила. Австралиските медиуми јавуваат дека двајца пожарникари се повредени во гаснењето на пожарот. Навреме бил евакуиран и Домот за стари лица, што се наоѓа во близина на црквата.
Црквата е во надлежност на епархијата во Австралија со која раководи, митрополитот Петар и се наоѓа во непосредна близина на најголемата црква „Света Петка“.
Објектот не е во сопственост на МПЦ, туку е изнајмен од една црковна организација во Австралија.
Австралиската полиција ги истражува причините за пожарот и дали тој е подметнат.
Ова е трета црква на МПЦ која изгоре во пожар во Австралија. Пред неколку години во пожар изгоре црквата „Свети Никола“ во Мелбурн, а претходно и „Св. Ѓорги’ исто така во Мелбурн.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом