Изгоре куќа во Скопје, пожарот изгаснат

Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека бил во фаза на распламтување низ целиот објект кога пожарникарите дошле да го гасат.
-Почнат е од подрумските простории, проширен е на приземје и на катот, рече Томевски, додавајќи дека е изгаснат и во моментов се расчистува локацијата, а бидејќи се работи за стар објект, изграден од дрво, на терен е сè уште противпожарна екипа.
Сопствениците на опожарената куќа ја имаат издадено под кирија и во неа работат печатница и адвокатски канцеларии. Тие беа на местото на пожарот и се сомневаат дека е подметнат зашто во септември изгорела и соседната куќа, како што велат – исто така во недела.
Ново на Сител
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
