Изгласан кварталниот извештај за буџетот на општина Куманово
На денешната седница советниците го изгласаа кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Куманово за вториот квартал, заклучно со јуни 2016 година. Според информациите на одговорните од секторот за финансии, во кварталниот извештај прикажана е реализацијата на приходниот и расходниот дел.
- Реализцијата на приходната страна е 39 проценти заклучно со првите шест месеци, поодделно за буџетскиот дел, на дотации на донации на самофинансирачки активности. Најголема реализација има на даночните приходи, како и на дотациите кои се од соодветните министерства, изјави раководителот на секторот за финансии од општина Куманово, Ирена Илиевска.
Расходниот дел, појасни Илиевска, е поделен на тековни и на капитални расходи. Од тековните расходи, најголема реализција има кај трошоците за функционирање на општината, како и на соодветни програми за функционирање на јавните претпријатија кои со одлуки се усвоени во текот на годината и се вградени во овој буџет.
- Што се однесува до капиталните расходи во овие два квартала најголема реализација на расходи е за базенот, останатите расходи се поделени на изградба на нови и реконструкција на улици, реконструкција и изградба на дел од основни и средни училишта, одржување на семафори во градот, летно оддржување на улиците, изјави Илиевска.
За оние кои не се реализирани, додаде дека, за дел од нив тендерите веќе се распишани и оти се надева дека ќе бидат реализирани, по што реализацијата ќе биде прикажана во третиот квартал на годината. Капиталните и тековните трошоци заедно се 36 проценти, додека само капиталните се околу 18 проценти.
Советниците од опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа за кварталниот извештај. Расправајќи по точката нагласија дека реализацијата на капиталните трошоци е ниска и дека буџетот на Куманово е нерален и само ги отслкува желбите на локалната власт.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати