Изгладнет морски лав се „нагости“ во елитен ресторан

Изгладнет морски лав е спасен, откако го пронашол патот до еден елитен ресторан во Сан Диего, објавија американските медиуми.
Експерти од центарот „Морскиот свет“ вчера изутрина добиле повик од еден ресторан во Сан Диего, каде по пристигнувањето нашле женка морски лав како спие во едно сепаре.
Младото животно, кое било изгладнето и дехидрирано, е однесено во спасувачкиот центар „Морски свет“, а вработените се оптимисти во врска со негово опоравување.
Во изминатата година е зголемен бројот на починати морски лавови, а морските биолози пронаше илјадници болни или мртви новороденчиња.
Од почетокот на годината вработените во „Морски свет“ спасиле 47 морски лавчиња и други морски цицачи.
Научниците сметаат дека проблемот е во намалениот број на залихи на храна за време на покачените температури во океаните.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
