Македонија
3. August 2017 - 15:34

Изгаснат пожарот во близина на велешкото езеро „Младост“

Пожарот што утрово околу 10:15 часот избувна во месноста викана „Уши“ кај селото Отовица на неколку километри до велешкото езеро „Младост“, со брза интервенција на Противпожарната единица од Велес е навреме локализиран и изгаснат за само 35 минути, односно некаде во 10:50 часот.
 
Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ППЕ, од пожарот биле зафатени околу 500 метри квадратни  трева, грмушки и макии, а нивната брза интервенци со едно противпожарно возило и неколку пожарникари  спречила пожарот да се прошири на блиската  борова шума во околината близу езерото „Младост“.
 
- Нашата брза интервенција и реагирањето се должи и од навременото јавување на граѓаните до нас за избувнување на пожарот. Затоа апелирам до сите граѓани посебно до оние кои деновиве престојуваат во природа кога ќе забележат пожат веднаш да пријават на нашиот бесплатен телефонски број 193 за да можеме и навреме да реагираме, повика Лепидовски.
 
Од ППЕ Велес се сомневаат дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно од неизгаснато догорче од цигара од некој од возачите кои поминуваат на овој дел од патот.