Изгаснат пожарот на градската депонија во Македонска Каменица
– Во Македонска Каменица изгаснат е пожарот на градската депонија што повеќе од два дена ги гуши жителите во Каменичко. Од утрово на депонијата повторно се работи со механизација на комуналното претпријатие, со цел спречување на ширење на чадта што се уште се шири во близина на месноста Каменички Рид.
Пожарот засега, како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица, е ставен под контрола, а се гасне веќе трет ден.
![]()
– Во изминатите денови наши екипи со три возила и помош од вработени во комуналното претпријатие и Доброволното противпожарно друштво ,,Саси” активно учествуваа на терен во гаснењето на пожарот, при што спречено е негово ширење во блиската шума, истакна командирот на ТППЕ М.Каменица.
Тој додаде дека пожарникарите остануваат на терен и понатаму до целосно ликвидирање на пожарот.
![]()
-Иако околностите за гаснење се отежнати бидејки депонијата гори во внатрешниот дел сепак остануваме на терен, заедно со луѓето кои ни помагаат оваа непријатна ситуација да се реши целосно, за што апелираме до граѓаните да имаат разбирање за настанатата состојба, додаваат од ТППЕ Македонска Каменица.
Оттаму додаваат дека причината за пожарот е човечки фактор, заради што апелираа до граѓаните доколку забележат лица кои прават недозволени дејствија во близина на депонијата истите да ги пријават до надлежните служби.
Ново на Сител
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
