Изгаснат пожарот кај велешко Караслари
Пожарот со кој беше зафатена борова шума во близина на велешкото село Караслари денеска напладне е изгаснат. Во гаснењето учествуваа пожарникари од Велес, вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и од Шумската подружница од Свети Николе, а беа вклучени и два авиони „канадер“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Командирот од Противпожарната бригада во Велес, Љупчо Лепидовски за МИА изјави дека со пожарот биле зафатени околу 40 хетари квалитетна борова шума.
– Поради опасноста повторно да избувне, нашата Противпожарна единица се уште е на терен, а тука со нас е и екипа од ШС „Бабуна“. Тие ќе останат на терен поради контрола на опожарениот терен, рече Липидовски.
Покрај овој пожар, синоќа околу 17:30 часот бил изгаснат и пожарот кај селото Крива Круша каде горела нискостеблеста дабова шума на површина од околу два хектара.
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР