Изгаснат пожарот кај гевгелиското село Моин
Пожарот што избувна вчера во попладневните часови во месноста „Срнак“ кај селото Моин, во вечерните часови бил локализиран и изгаснат од страна на пожарникарите и шумските работници, потврдија денеска од ТППЕ Гевгелија.
Пожарот почнал од една нива кај моинскиот краварник, од спротивната страна на Конска река, но со помош на ветерот од запалената сува трева брзо се ширел на кај селото и објектот на поранешната караула кои со брза интервенција на три противпожарни возила,присутните пожарникари и шумски работници биле заштитени од огнот.
Освен сувата трева, огнот зафатил и нискостеблеста шума, најмногу прнар и до моментот на неговото гаснење се проценува дека ја изгорел вегетацијата на површина од 12 хектари.
Утрово на местото на пожарот замина екипа од Шумското стопанство од Гевгелија, која уште го набљудува опожарениот терен, но велат дека повеќе не се појавил активен оган и дека жителите на селото Моин може да бидат спокојни.
Со оглед на фактот дека пожарот почнал од нива, се претпоставува дека е причинет од човечки фактор.
Ново на Сител
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари
-
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило
-
Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија
-
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
-
74-годишник измамен за 14.000 евра со лажна сообраќајна несреќа
-
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките