Изетбеговиќ: Милорад Додик си игра со оган
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денеска го обвини претседателот на Република Српска, Милорад Додик дека „си игра со оган„ во врска со закажувањето референдум за националниот празник на српскиот ентитет во БиХ.
- Додик сосема свесно си игра со оган, обидувајќи се да направи чекор повеќе и да ја премине границата на дозволеното во оваа држава и на дозволеното од меѓународната заедница, изјави Избетбеговиќ.
Репубилка Српска го празнува својот национален празник на 9 јануари, датум на кој во 1992 година, три месеци пред конфликтот во земјата беше прогласена „Република Српска Босна и Херцеговина“.
На иницијатива на Изетбеговиќ, Врховниот суд на БиХ го прогласи овој национален празник за неуставен, со образложение дека жителите на Република Српска кои не се Срби не го признаваат.
Како одговор на тоа Додик закажа референдум за тоа прашање за 25 септември.
- Додик целосно е подготвен да ја мине границата, додека оди по црвената линија. Доколку тоа се случи нема да мине без последици, предупреди Изетбетовиќ.
Тој додаде дека има инструменти „кои можат да го спречат тој референдум, кој е насочен против Дејтонскиот договор“.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“