Издадени приближно 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а повеќе од половина од нив, 21.000, се веќе искористени. Рокот за аплицирање е до 20 декември, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
На новинарско прашање Андоновски оцени дека проектот со ваучерите е успешен и оти за тоа сведочи метежот и побарувачката во продавниците. Очекува до крајот на јавниот повик, 20 декември, најголемиот дел од студентите да ги земат ваучерите, а до крајот на рокот за проектот, 1 јануари, да набават уреди.
- Во последните пет шест дена веќе имаме намалување на бројот на издадени ваучери што покажува дека најголемиот дел од заинтересираните студенти на кои им беше приоритет да извадат ваучер веќе го имаат направено тоа. Остануваат уште 15.000 нераспределени и очекувам до крајот на јавниот повик најголемиот дел од студентите да го извадат ваучерот. Она што ме радува е што 21 000 студенти веќе си подигнале електронски уреди со тие ваучери, што значи дека нешто повеќе од половина се искористени. Очекувам до 1 јануари сите кои биле заинтерсирани и подигнале ваучер да го реализираат. Има метеж во продавниците, има голема побарувачка, тоа беше и целта на проектот и мислам дека е сосема успешен, изјави Андоновски, по промоцијата на ви фи зона со бесплатен интернет на Фиозофскиот факултет - Скопје.
На новинарско прашање, Андоновски најави дека доградбата на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) кои со години се во фаза на карабина, ќе почне во 2026 или 2027 година.
- Министерството за образование и наука работи на ревизија на проектот. По завршување на ревизијата бидејќи треба да се ревидира целиот објект којшто е напуштен за жал поради негрижа на претходната власт веќе 10 години, се надевам дека ќе почне процес на реновирање. Очекувам дека тоа ќе започне во 2026 или 2027 година и ќе се заврши до крајот на мандатот, изјави Андоновски.
Во однос на заштитата на електронските адреси на училиштата, по неодамнешните случаи со дојави за бомби, ги повтори насоките да се почитуваат протоколите за однесување и да не се користат приватни адреси туку официјалните на училиштата и на МОН.
МИА
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
