Издадени нови 5.179 потврди за барање азил
Во последните 24 часа се издадени потврди за искажана намера за поднесување барања за признавање право на азил на вкупно 5.179 странски државјани од кои 2.415 се машки, 943 женски, 1.647 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 174 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 3.060, Авганистан, 1.417, Ирак, 467, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до денеска се издадени потврди за барање азил на вкупно 197.989 странски државјани од кои 121.429 машки, 28.642 женски, 38.679 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 9.239 деца кои патуваат без родител. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан , Ирак, Пакистан, Иран, Палестина, Сомалија,...
До Одделението за азил изминативе 24 часа не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Од почнувањето на издавањето на потврдите до 31.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда при што 51 барање се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите