Издадени нови 2.107 потврди за намера за поднесување барање за азил

Во изминатите 24 часа МВР има издадено потврди на вкупно 2.107 странски државјани, од кои 1.315 се од машки пол, 299 се од женски, 401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 92 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.406, од Авганистан 424, Ирак 113, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 16.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 79.778 странски државјани, од кои, 53.211 се од машки пол, 10.968 се од женски, 13.208 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.391 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 64.304, потоа Авганистан 5.523, Ирак 3.807, од Пакистан 2.164, Палестина 904,Сомалија 593, Бангладеж 525, од Конго 357, Иран 284, Нигерија 220, од Камерун 164,Еритреја 158, Етиопија 118, Судан 109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 15.09.2015 до 16.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 16.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.09.2015 година евидентирани се 6 баратели на азил, од кои еден барател на азил е малолетно лице без придружба на старател, останатите пет баратели на азил се мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.09.2015 година евидентирани се 6 баратели на азил, од кои еден барател на азил е малолетно лице без придружба на старател, останатите пет баратели на азил се мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
-

Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во ЕУ, нагласува потпретседателката на српскиот парламент
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
