Издадени 310 потврди за признавање право на азил
Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 310 странски државјани, од кои 102 од машки и 73 од женски пол, како и на 134 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител.
Според државјанството, потврди се издадени на 222 државјани на Сирија и на 88 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
МВР соопшти дека од почетокот на годината издадени се потврди на вкупно 87.538 странски државјани, од кои 34.700 се од машки пол, 19.119 се од женски и 33.504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 43.016, Авганистан 26.546 и Ирак 17.973.
Од почетокот на годината до 27 февруари годинава до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 21 лице (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Во текот на вчерашното деноноќiе до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Ново на Сител
-
Осми локални избори, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Скопје
-
Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб
-
Верстапен најбрз во квалификациите за спринтот на ГН на САД
-
Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“
-
Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места
-
Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната
-
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
Зеленски: Договорот за Газа е добар моментум за завршување на војната во Украина, ни треба мир