Издадени 179 потврди за признавање право на азил
Во изминатите 24 часа Министерството за внатрешни работи (МВР) на 179 странски државјани им издаде потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 58 се од машки, 41 од женски пол, 78 деца го придружуваат носителот на потврдата и две деца патуваат без придружба на родител.
Според државјанството, потврди се издадени на 150 државјани на Сирија и 29 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Од почетокот на годината до вчера се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 88.823 странски државјани. Од нив 35.160 се од машки пол, 19.412 од женски, 34.029 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 222 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.036, Авганистан-26.546 и Ирак-18.238.
Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле 29 лица, 22 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци