Избрани раководните тела на Алијанса за Албанците
Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари. Партиските членови заминаа на пауза и ќе продолжат со разгледување на дневниот ред до попладневните часови.
Претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар е Кренар Лога, организациски секретар е Исен Шабани. Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела. Трите потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.
Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците, на подограноците.
– Сега продолжува, кратка пауза за членовите на централното собрание да ги прочитаат правилниците коишто се договорени меѓу нас, веќе се дебатирани. Меѓутоа уште еднаш пред да донесеме конечна одлука за функционирање и на централното и на ограноците и на централното претседателство, уште еднаш да ги разгледаат материјалите. За Владата ќе биде последна точка, каде прво ќе реферирам за тоа што, какви, средби сум имал, какви пораки имам од сите тие со коишто сум се сретнал, да дебатираме и да видиме каква одлука би донеле заедно, изјави Таравари.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
