Избрани најдобрите скопски угостителски објекти и кафулиња за 2016 година
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска им ги врачи плакетите на најдобрите угостителски објекти и кафулиња во Скопје за 2016 година. За најдобар ресторан е избран „Фиш“, потоа следат „Лајра“ и „Рагуза“, најдобри три гостилници се „Дукат“, „Срна“ и „Калцона“, а најдобри во категоријата кафе барови се „Скај бар Русија“, „АБЦ кафе бар“ и „Баду бар“.
- Целта е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти на територијата на градот, порача Трајановски.
Прецизира дека тајните купувачи, ангажирани од Агенцијата SWOT Research, ги завршиле трите обиколки на 100-те угостителски објекти, како и 70-те кафе барови кои по случаен избор влегоа во трката за „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите 2016“ и избор на најдобро кафуле, по што следеше сумирање на резултатите, од кои ќе произлезат заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина.
Тајните купувачи, посочи, ги оцени 50-те ресторани, 50-те гостилници и 70-те кафе барови, според примарните критериуми: прв контакт, хигиена на објектот, тоалет, амбиент, услуга на келнерите, општа услуга, квалитет на храна (само за ресторани и гостилници) и завршен контакт, врз основа на кои по направената евалуација изготвија извештаи.
- Оваа година има пораст на резултатите и кај рестораните и кај гостилниците, особено што кај рестораните е забележан највисок резултат во споредба со претходните осум години. Според оценките, најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж, истакна Трајановски.
Кристијана Ивановска Доревска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ - Скопје, што го спроведе истражувањето, рече дека во текот на истражувањето, во периодот од 1 до 30 септември, за кафе баровите и од 1 до 31 октомври за рестораните и гостилниците, биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а во кафулињата имало 210 посети, односно секој објект бил посетен 3 пати.
Според истражувањето, 16 гостилници и 24 ресторани оствариле високи резултати од над 90 отсто, а ниту еден угостителски објект немал резултат под 50 отсто. Кај кафулињата, пак, само едно остварило високи резултати над 90 отсто, но немало ниту едно со резултат под 50 отсто.
Ново на Сител
-
Охрид: Потребна е засилена контрола на она што се гради
-
Преглед на вестите од свет
-
30 години Сител со Игор Филевски - Топки
-
30 годишни Сител со сопругата на Драган Вучиќ - Весна Вучиќ
-
30 години Сител со Снеже Велков
-
30 години Сител со Ирена Петкова - Бонго Бокс
-
30 години Сител со Тошо Филиповски - Досие
-
30 години Сител со Миа Костова, Мартин Трпчевски и Билјана Максимовска - 99 Action