Избрани најдобрите ресторани, гостилници и кафе-барови во Скопје

За најдобри три ресторани во Скопје за годинава се избрани „Оливе“, „Лајт џез клуб“ и „Македонска куќа“, најдобри три гостилници се „Сношти минав“, „Кафана“ и „Скара бар“, а најдобри во категоријата кафе барови се „Рок Бар Круг“, „Mr.Jack“ и „Speakeasy“. Изборот е направен врз основа на исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат.
Плакетите на најдобрите, денеска им ги врачи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
- Овие проекти произлегуваат од Програмата за финансирање на проекти за развојот на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2017 година. Наша цел е преку овие настани да ја потенцираме важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да го подигнеме општото ниво на квалитет и на целокупниот амбиент во угостителските објекти во Градот, рече Шилегов.
Се надева дека резултатите од ова истражување, врз основа на кое е направен изборот, ќе бидат земени предвид од угостителите во градот и ќе резултираат со отстранување на недостатоците и подобрување на услугата во иднина.
Кристијана Ивановска Доревска од Агенцијата СВОТ ДООЕЛ-Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека тоа било спроведено во периодот од 1 до 30 септември за кафе баровите и од 1 до 31 октомври за рестораните и гостилниците.
Со него биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а во кафулињата имало 210 посети, секој угостителски објект бил посетен 3 пати.
Проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“ се спроведува по десети пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
