Избран новиот состав на Одборот за доделување на државната награда ,,8 Септември”
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната 19. седница го утврди новиот состав на Одборот за доделување на државната награда ,,8 Септември”.
Поради истечениот мандат на стариот состав, Комисијата го изгласа новиот состав во кој претседател е Гордана Нацева, истакнат спортист и спортски работник, а за членови се избрани истакнатите спортисти Пепи Манасков, Примислав Димовски, Индира Кастратовиќ, Артим Шаќири, Оливера Биковска, Перо Антиќ, Наташа Илиевска и Шабан Трстена.
Покрај нив, за членови на Одборот се избрани и професорите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”- Скопје, д-р Ленче Алексовска – Величковска и д-р Руждија Калач, спортскиот новинар Игор Трпески и истакнатиот спортски работник, професор Иса Аслани.
Ново на Сител
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд