Македонија
11. јуни 2020 - 16:52

Изборите во Македонија, наместо преговарачката рамка во фокусот на Брисел

Наместо преговарачката рамка, во фокусот на Брисел деновиве се изборите. За евроинтегративецот Османи тоа е сосема оправдано. Тој не гледа ништо спорно во посредувањето на еврокомеасарот Вархеји, кој вчера за изборниот датум разговараше со Заев и Мицкоски. Македонија со одлуката за почеток на прегворите, стана дел од внатрешните прашања на Унијата, посочува вицепремиерот за евроинтеграции.

- Тоа е е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеји кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид на медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус.

Во мегувреме, преговарачката рамка, која требаше да биде објавена во текот на претходните два дена, е на стенд бај. Османи доцнењето го образложува со новата методологија која за првпат ке стане дел од една преговарачка рамка.

Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија пред се во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговорите.., истакна Османи. 

Вархеји вчера по разговорите со лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, кратко објави дека од голема важност е спроведување на фер слободни и инклузивни избори, при што предвид треба да се земе и ситуацијата со Ковид 19, како и неопходноста од економско закрепнување.